АТАНАСОСКИ ИЗЛОЖУВА ВО ХРВАТСКА

Нашиот уметник Атанас Атанасоски заедно со уште неколкумина македонски уметници изложува во Хрватска. Едното претставување е во Ровињ со две дела “Подвижни таписерии”, изработено од памук и “Елементи”, изработено од вегетација. Втората презентација е во галеријата Козма во Осиек со делото” Геометриско флорален елемент” изработен од памук.

Изложбите се дел од бројните претставувања во странство со неговиот специфичен уметнички дискурс.

Атанасоски подготвува изложбата за галеријата на ЦК “Марко Цепенков” за први август.

Loading