ПРОНАЈДЕНИ ЖРТВЕНИЦИ ОД БАКАРНО ВРЕМЕ

На локалитетот Трештена Стена

На локалитетот Трештена стена во близина во Мариово, при годинашните археолошки истражувања пронајдени се значајни артефакти за животот кој се одвивал во населбата.

– Откопани се култни масички – жртвеници, антропоморфна пластика во фрагментирана состојба и фрагменти кои укажуваат дека фигурите биле во стоечка, седечка или полуседечка состојба – велат од Министерството за култура, со чија финансиска поддршка  стручњаци од Завод и музеј ја ископуваат енеолитската населба.

Локалитетот Трештена стена од бакарното време се истражува од 2001 година. Откриен е уникатен начин на врежување на предметите, односно браздесто врежување со шилесто орудие.                                                                  

Loading