ЧАТЛЕСКИ НА ЛЕСНОВО

Уметникот Тони Чатлески, како единствен претставник од Прилеп, е учесник на 23. меѓународна ликовна колонија “Лесново 2014”, организирана од Домот на културата од  Пробиштип.

Чатлески ќе ги пренесе на платно творечките импулси, дружејќи се со колегите, уметници од Македонија, Русија, Бугарија, Црна Гора, кои ќе создаваат во природниот дар на Лесново.

Loading