Бугарската градежна компанија Понс Строинженеринг е избрана да ја гради пречистителната станица за фекалните градски води лоцирана кај селото Галичани. Фабриката за пречистување на водата ќе биде пуштена во функција до крајот на јуни 2016 година. Проектот е вреден околу 10 милиони евра и е дел од големиот инфраструктурен зафат за реконструкција и доградба на фекалната и дождовната канализациска мрежа во градот, што Европската Унија преку ИПА фондовите и македонската влада ја финансираат со 30 милиони евра.
Според проектот, ќе се филтрираат водите од фекалната канализација и чисти ќе се пуштаат во градската река кај селото Галичани.