КАФЕ ШЕМА СЕ НЕГУВА БЕЗ ДИЛЕМА

Секоја сабота

“Ај да одиме на кафе” е предлогот со кој им почнува денот речиси на сите млади. Типично е да се слушне дури и од човек кој не пие кафе. И потоа натегање каде да се оди, каде е поубаво, каде е “шемата”, каде има повеќе “џган пипл”, за на крај да се финализира –  “ќе правиме една саботна кафе шема”. Кафето се “лизга” со муабет со пријателите, со размена на “дешавки” од последната журка. Горчливиот вкус годи и со “портарски” муабети. Кафето се дегустира да се биде во тренд и да се биде виден. Сабота е ден за пазарење и за кафе.

“Шемата” е посебна приказна. Врие народ низ чаршијата, по кафетериите, дури и таму каде што многуте децибели го “убиваат” зборот. ‘Рска силна музика, а конверзацијата не се води ниту на повисок тон. Но, тоа е “шема”. Некој задолжителен ритуал или помодарство.

“Ај да се видиме, ај на кафе, всушност да нé видат”, да се размени некој телефонски број, да се прошета по фејсбук, да се прати некоја слика ваму-таму и да се “открие” кој со кого се “шеми”, кој со која се “фатил”, каде е симпатијата, да разменат кибицирања, опули… Популарноста на “кафе шемата” постепено станува традиција, а задоволството на кафето е ставено во втор план и кога се “сака или се мрази”. Кафето е повод за средба и е дел од секојдневието на младите.

Што претставува новата навика или “шема” за младите? Се вмешавме меѓу “хит, кафе шемата”, која во сабота не се пропушта.

Саботата е ден за дружење, за полнење на батериите и за релаксирање. Носечко е друштвото и местото,а кафето е последица.

Denisa Dubanik– Има многу раздвиженост. Повеќето од луѓево излегуваат и гледаат да го минат слободното време. Обожавам да одам на кафе, оти го релаксирам мозокот. Седиме со другарки, па со момчиња. Битно е со кого, бидејќи различен е муабетот. Важно е и местото. Има најпосетени кафетерии каде се одбираат луѓето. Се чека и слободно место – вели Дениса Дубаниќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Работното време” на саботната кафе шема е од 12 до 14 часот.

Stefanija Binoska– Бидејќи често најдувам време да си дојдам од Скопје во Прилеп, кафе шемата е на некое добро ниво. Има динамика, дури и прилично рано на сабајле. Најголем метеж се создава во шпицот, од 12 – 14 ч. – вели Стефанија Биноска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Kosta Tarundzioski– Саботното кафе не се пропушта. И тоа најчесто од 10.30 па до 14-15 часот. Покрај друштвото, шемата е добра, особено летно време  – вели Коста Тарунџиоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За некои, кафето е кафе и во сабота, и во “обичен” ден. Носечко е друштвото. Сепак, не се негира саботниот кафе “обред”, туку многумина се “покоруваат” на атмосферата.

Bojan– Излегуваме скоро секој ден, не само во сабота. Останал прилепскиот тертип дека саботното кафе е најдобро во единство со “шемата”. Може да биде и подобра. Кафето “легнува” со друштво. Не е битно времето, не е битен денот, битна е желбата – вели Бојан.

 

 

 

  

 

 

 

   

  

Jasmina Ilioska– Не е важно каде си, туку со кого си, човек убаво да мине дел од денот. Времето лета со погоден муабет, мајтапи, шеги, додворувања, намигнувања… Кафето не е задолжително да се биде дел од шемата. Секој има своја желба, ама добро е да се излезе и во сабота – вели Јасмина Илиоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Darko Mateski– Нема таква кафе шема како во Битола, Скопје. Во зародиш е и се развива. Не сум толку “заробен на шемата”. Сакам релаксиран кафе – муабет, а не тоа да биде обврска, товар, колку да се биде виден како што некои сакаат да се наметнат. Сите се “кафесуваат” во сабота – вели Дарко Матејски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Viktorija Ilioska– Кога се враќам од Скопје со другарките пиеме кафе, а во сабота излегуваме секако. Го тестираме вкусот на кафето и други денови, главно во исто кафуле. Важна е музичката заднина – вели Викторија Илиоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SLobodan Mitreski– Почесто не излегувам. “Домаќините” нудат спектар на кафиња во супер “клима”. Лезет има секаде со друштвото – вели Слободан Димески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Check in” за уште една одлична кафе – шема, особено за девојките, во некои од “подобрите” кафетерии. Друштвото не оди без “фејсбук”. Инаку, ќе станеш анонимен. Никој не ќе знае кај си и со кого си.

Ivana Nastoska– Кафе шемата е најдобра во Македонија. Во модерново време, мора да има фејсбук на масата и “чекирање”. Да се пофалиш, демек, кај си со пријателите и што пиеш. Кафето е само изговор – вели Ивана Настоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Elena Bogdanoska– Ќеф ми е кафето со другарките, со полно луѓе, со “фејсбук”, муабет – вели Елена Богданоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Посебен е шмектот на саботното кафе. Така им се чини на повеќето млади “шемџии”. Женскиот дел е нон – стоп на социјалната мрежа, а момчињата не преферираат кафе мрежа.

Bojan Cadamov, desno– Саботната дневна забава не е само кафе. И не само во сабота. Се пие црниот пијалак 24/7. Фејсбукот го игнорирам, бидејќи муабетиме.  “Check in” користам само надвор од државава – вели Бојан Чадамов.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Marijan Naumoski– “Кафе шемата” премина во традиција, дневна доза, задолжение на секој млад човек. Ако немам обврски, не пропуштам да излезам. Некој тераат муабет, други “фејсбук”, некои се чекираат, други колку да ги сменат четирите домашни ѕидови или да се одморат од работните обврски, да излезат, да се видат со пријатели – вели Маријан Наумоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кафе шемата ја “ползуваат” и гостите на градот.

Teodora Volceska – Од Австралија сум, но нема поубаво од овде. Има одлична кафе-шема – вели Теодора Волческа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Младите од кафе шемата создадоа култ, светост. Демек, според нив, ако не си во шемата си демоде, “надвор од светот”, анахрон, застарен, затупен, те прегазило времето и си останал во 20 век.

Aleksandar Sotiroski– Тоа е демонстрација, она што го носи времето, денешнинава, стил на живот. Затоа во сабота е навалица и не се најдува маса. После, ако имаш к’смет, го нема келнерот со “пушка да го бараш”. Саботното кафе се претвори во “закон”, “саботна молитва”, “икона”, бидејќи 99 отсто од младите инаку се на студии, на работа. Па, до некаде и задолжително е – вели Александар Сотироски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дека кафето оди одлично во друштво со пријателите со кои се разменуваат “искуства”, се “озборува”, не го негираат ни Кристијан, ни Милена. Ги иритира што кафето станува параван за да се биде виден. Коментираат дека ако кафе шемата се развива, да биде секој ден.

Kristijan Spaseski– Одам на кафе, дури и по два ати во денот. Саботната кафе шема е многу глупава, бидејќи треба секој ден да ја има. Како дел од шемата, дотерани девојки, момчиња, “посебно” за сабота. Тука битно е каде и со кого, а така не треба да биде. Кафето е за муабет, да размениме случувања. Местото е битен фактор за опуштање. Но, луѓето не го ценат квалитетот, туку излегуваат за да измамат погледи – вели Кристијан Спасески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

MIlena Taseska desno– Кафе шемата е нешто нужно. Се стои над глава на луѓето, да станат, за да седнеш. Има денови за пиење кафе, а не чинот да се претвори во мода. Кога нема место, се седнува каде што ќе се најде  место. И шемаџиите се предаваат. Таквите ги гледам како искомплексирани личности. Битно им е кај се, а не со кого се. Важно е да се меѓу елитата. А кафето лете е најубаво на отворено, со движење на народ. Да не се чувствуваш како дома, туку да видеш народ, да се сретнеш и да скршиш некој збор. А не дека е ова кафуле, она, таму сите оделе и сл. Некои се снобови, се “пикаат” каде не им е местото, каде не им дозволува џебот и стандардот. Помодари. Навистина помина времето кога со другарите дома се собиравме на кафе. Сега дури да вариш кафе дома и друго да спремаш, се викаме в чаршија да видиш сé што сакаш и да си помуабетиш. Тоа е потреба. Народот е рашетан од “занесување”. И јас тоа го правам – вели Милена Тасеска.

 

 

  

 

Без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате, социјална е улогата на пиењето кафе. Практично, дружењето станува зависност.

Утре, сабота е. Ај да одиме на кафе. 

Loading