Пинг – понг
Покрај финансиските проблеми, пинг-понгарите успеваат да најдат сили за серија учества на меѓународната сцена. Последно претставување имаше пионерската репрезентација на Македонија, во чиј состав е Александар Рикалоски од Младост 96. На Балканијадата во Турција, во конкуренција на девет држави, освоено е седмото место, пласман според очекувањата. Во групната фаза претрпени се порази од шампионот Романија и од Црна Гора. На вториот дуел Рикалоски испушти можност за триумф при водство од 2-0 во сетови. Во борбата за седмо место добиени се мечевите со Албанија и Косово. Поединечно, Рикалоски во групата забележа победа и два пораза, не успеа да оди во разигрувањето, но доби полезно искуство.
На Балканијадата медалите ги поделија Романија, Турција и Србија.