ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА НАЈДОБРА ВО ЕВРОПСКОТО ПЕПСИ СЕМЕЈСТВО

Прилепска пиварница ја доби наградата PepsiCo Chairman’s Circle of Champions за одлични перформанси во работењето. Наградата е доделена во конкуренција од сите фабрики од групацијата PepsiKo во целиот свет, а тимот на Прилепска е единствениот награден во Европа.           

Прилепскиот тим неколку години работи неуморно претендирајќи кон издигнување на фабриката на ниво на производител со врвен квалитет со континуирана посветеност и блиска соработка со PepsiCo International. Затоа фабриката константно е призната и наградувана од PepsiKo и дадена í е огромна поддршка на патот кон поуспешни перформанси.

– Оперативниот тим беше инволвиран во проект што резултираше со компаниска инвестиција од 12 милиони евра комплетно нова производна опрема во последните 3-4 години. Фабриката неодамна инсталираше нова опрема за стаклена амбалажа, обработка и пакување со цел да соодветствува на критериумите на добрата производна пракса – јавија од Прилепската пиварница.

Тимот имплементираше статистички процес на анализа во процесот на производство, со развој на специфичен софтвер инсталиран во линијата за полнење, како и центар за извештаи за податоци и анализи. Ова се смета како најдобар пример за останатите произведувачи. 

Loading