КВАЛИТЕТОТ НА ПИЕДЕСТАЛ

Витаминка е добитник на признанието QUDAL за најдобар македонски пример и симбол за квалитет

Компанијата Витаминка го доби признанието за врвен квалитет, QUDAL – QUality meDAL за две категории,  за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар и во категоријата  кечап за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.

– Признанието е дополнителна потврда што веќе години ја добиваме од потрошувачите со нивниот избор на нашите производи. Сепак, радува што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати бренда. Во производното портфолио со многу производи, приоритетен е квалитетот и одржување на квалитетот. Затоа наша постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки да постигннеме поголем квалитет на производите – изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Признанието QUDAL се доделува на основа на истражување спроведено од Меѓународно здружение за сертификација со седиште во Цирих, Швајцарија.

Loading