КОМФОР, КВАЛИТЕТ И УКРАС НА ГРАДОТ

Панделка за новата современа автобуска станица

Pandelka za airlijaНад 700 илјади евра вложи сопственикот Горан Трпкоски од фирмата Пелагонија бус во новата современа, според европски стандарди, автобуска станица, на која и официјално и се стави свечена панделка за пуштање во употреба. Инвестицијата е и отворање на нови работни места, подобрување на квалитетот на транспортните услуги, како и украс на градот. По половина век, користење на времен објект за автобуска станица, и по една година интензивна градба, прилепчани добија европски центар. Тоа е историски настан кој ќе се памети. Од среда и официјално ќе пристигнуваат и поаѓаат автобусите и патниците ќе може да ги користат новите услуги.

Автобуската станица се простира на 3700 м2 државно градежно земјиште што лани го купи Пелагонија бус. Изградена е на местото од Противпожарниот дом и е дел од патничкиот транспортен центар во кој комплекс ќе биде и реконструираната постоечка Железничка станица.

Поволната бизнис клима во општинава ја привлекла фирмата Пелагонија бус да инвестира. Таа стопанисува и со автобуските станици во Берово, Штип и Велес.

– Просечен проток на патници за 24 часа ќе биде околу 2000. Станицата е опремена со маркет, агенција, ресторан, електронски софтвер за услуги за патниците, систем за продажба на билети, со резервации – вели сопственикот Горан Трпковски.

Автобуска е од највисока, прва категорија.         

– Министерството за транспорт и врски ја категоризираше во прва, највисока категорија. Тука ќе може да доаѓаат и поаѓаат меѓуградски, меѓуопштински и меѓународни автобуси – изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Evropska avtobuska stanicaСе отворија нови 30 работни места. По 50 години Прилеп доби автобуска станица која е огледало на градот.

– За брзо време ќе се реконструира железничката станица и партерно ќе се поврзи со автобуската. Комплексот ќе прерасне во транспортен центар – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Новата автобуска располага со шест перони, со електронски влез и излез за автобусите и патниците. Се очекува фрекфенција од 30 илјади патници месечно. 

Loading