СВЕШТЕНИЦИ НА ПРОЗИВКА

Историја

На 18 јули 2005 Победа имаше старт на подготовките. Пред првиот состанок свештениците Ацо Алинчанец и Златко Ангелески извршија осветување на новите соблекувални и канцеларии. Чинот го проследија Управата, тренерите, фудбалерите и група навивачи. Ставрофор Алинчанец разговараше со стоперот од Нигерија, Сулаимон Аксен Омо.

– Омо, зошто не беше на церемонијата?

– Назад бев, не можев да се пробијам од луѓево.

– Дали си крстен?

– Муслиман сум.

– Ти пречеше нашиов обичај?

– Не, Бог е еден за сите нас.

Loading