ПОДГОТОВКА НА ГОЛЕМ ТУРНИР

Борење

Лето е, а нема застој, туку засилена динамика во БК 7 Мај Леов. Во клубот подготвуваат голем меѓународен турнир за 9 август, за деца, кадети и младинци. Веќе се најавени 120 учесници од Унгарија, Србија, Бугарија, Косово, Италија и Германија, како и бројни од земјава. Турнирот е еднодневен во “Р. Р. Ричко” на два душека, а поводот е 10 години борење, 13 години Карпалак и 1000 години Прилеп.

Паралелно, клубот беше домаќин на четири млади борачи од Германија, низ тренинзи во градов и во Охрид.

Loading