ОСВОЕНИ 37 МЕДАЛИ!

Џудо

Со вкупно 37 медали блеснаа прилепските џудисти на Меѓународен турнир во Струга. Од ЏК Прилеп информираат за 19 медали, од кои четири златни. Меѓу истакнатите е малиот Константин Шеќероски. Во успехот со 12 медали придонесе секцијата од Кривогаштани. Од ЏК Сеишин се задоволни со 18 медали, а од нив најсјајни, “златни” се за Георгиј Магдески, Бојан Синадиноски, Теодора Тасеска, Марио Тошески, Александар Петрески и Бобан Глигуроски.

Сеишин е прогласен за најдобар во пионерска конкуренција.

Loading