МЕДАЛИ НИЗ КАВГИ

Гимнастика

Во Битола се одржа првиот турнир од А – Лигата и пак успеси на КГС Партизан Соколи од Златко Ангелески. Блесна Димитар Илиоски со подвигот – првото место кај младите јуниори, против три години постарите ривали. На коњ со рачки и сите други справи извежба како професионалец. Овде трет е Џулијано Адамчески. Кај јуниорките најдобра е Стефани Спиркоска, кај сениорките Ивана Јанкоска пред Андреа Ангелкоска и Мартина Јездиќ. Кај помладите пионери втора е Теа Манеска, а трети се Софија Ангелеска и Дамјан Атанасоски.

Од клубот се жалат на лоша организација, без минимални услови, лекар, обезбедување, забелешки за судењето, кавги, за што ќе алармираат до највисоките институции.

Loading