ЛАВРИ ЗА ДЕВЕТГОДИШНИОТ ПИЈАНИСТ АРСЕНИЈ АНГЕЛЕСКИ

На интеранционалниот музички натпревар “Охридски бисери”

Nagradata za Angeleski potstrek za ucenjeДеветгодишниот Арсениј Ангелески, ученик по пијано во МУ”Ордан Михајлоски Оцка” се врати со прва награда од интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери”, што е доказ дека станува збор за талентиран исполнител уште на мала возраст. Оваа престижна награда, која ќе му даде поттик за натамошно постојано вежбање и совладување на тајните на инструментот не му е прва на талентираниот Арсениј, во класата на проф. Христина Никоска, кој редовно настапува на новогодишните и годишните концерти на музичкото училиште и на натпревари. Потврда за тоа е успехот што го постигна на 51 државен натпревар минатата година освојувајќи прва награда, како и прво место и специјалната награда на петтиот државен натпревар во организација на “Хармонија МБ”. Дека Арсениј ветува многу на музички план потврдува и фактот што е дел од семинарите по пијано што ги води професорката Ана Тацева. 

Loading