“МАМЕЦ” ЛОВИ ЗА ПОВТОРНА ТИТУЛА

Риболовците на Мамец го покажаа мајсторилакот во третото коло од првата риболовна лига во пливка. На Мавровското езеро ги оставија сите конкуренти зад себе, а во четвртото коло беа втори. Во генерален пласман, Мамец е на челната позиција со 50 бода и претендира да ја задржи ланската шампионска титула. Боите на Мамец ги брани составот, Блаже и Рубин Николоски, Спасески и Илијески.

Второто риболовно друштво од градов, Пец – пец, е 11-то на табелата.

Loading