ПОБЕДА ШАМПИОН

Пионери

Sampioni - FK PobedaПобеда е клуб навикнат на успеси и ако не оди со сениорите, тука се пионерите. Генерацијата 1998/99 стана шампион во лигата со девет тима, преку 15 победи и еден пораз. Во составот на Стефче Талески заслужни се сите, а разговаравме со тројца. Голгетерот Андреј Карапеев даде 23 гола. Погодуваше со глава и со нога, најмногу – четирипати ја тресеше мрежата на неготински Вардар. Вели дека не потцениле никого. Покрај понудите сака да остане и со другарите атакува пак на врвот.

Младите ја знаат богатата историја на Победа и со гордост го носат дресот. Лидер е капитенот Стефан Спиркоски.

– Играв десен бек, дадов максимум. Под притисок загубивме само од Башкими, а тешко беше со Турново, кога со два брзи гола дојдовме до пресврт и триумф од 2-1 – вели Спиркоски.

Дадоа 48, примија само шест гола. Меѓу стативите беше Костадин Боболески, чиј идол е Шпанецот Касиљас.

– Напаѓачите на Турново беа најопасни, а издржавме. Од нас не се очекуваше прво место, изненадивме. Најдобри бевме со 4-1 над Силекс – смета Боболески.

Табела: Победа 45, Борец 30, Турново 27.

Loading