БАЛКАНСКО ЗЛАТО

Карате

Ronin sampioni na BalkanskoВо колекцијата на медали во КК Ронин уште едно злато, овојпат од Балканијадата за деца во Истанбул, Турција. Ката тимот Киријана Камческа, Лина Димеска и Матеа Талеска освои прво место во највозрасната категорија до 14 години. Во полуфинале ја растурија Црна Гора со 5-0, во финалето 4-1 со Србија. На овој начин го подобрија ланскиот пласман, кога беа поразени во финалето токму од Србинките. Најмладата генерација репрезентативки од овој клуб оди по стапките на јуниорките, близначките Маријана и Мишела Димоски со Искра Каракашоска, четирикратни балкански шампионки.

КК Ронин придонесе, меѓу 10 земји во Истанбул, Македонија со четири злата да биде веднаш зад Србија со шест и Турција со 25.

Loading