РЕСПЕКТАБИЛЕН ФЕСТИВАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕАТАРСКАТА УМЕТНОСТ

Вечерва завршува 49-тото издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Festivalot so podrska na opstinata i Ministerstovto za kulturaСо доделување на наградите и со претставата “Стјуардеси” на Театар Комедија од Скопје, вечерва се спушта завесата на 49 -тото издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Една недела се славеше Талија, се третираше театарот од научен аспект, се промовираше театарска литература.

Фестивалот понуди разновидна и богата програма, претстави за различни вкусови. Внимание предизвика претставата “Вечната куќа” од Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на МНТ. Околу 600 прилепчани со автобуси заминаа во Скопје и го “освоија” грандиозното здание на новиот објект на Македонскиот народен театар. Уживаа во блесокот на амбиентот, но и во импресивната претстава. Не помалку внимание предизвикаа претставите на Театарот за деца и младинци “Нашиот клас”, на прилепскиот “Швејк во втората светска војна”, “Крал Лир” на велешкиот, “Евангели на глупоста” на Драмскиот, но и другите.  Преполно беше на полноќните претстави. Се докажа дека е оправдан концептот да им се посвети внимание на младите.

Teatarot za deca i mladinci so ,,Nasiot klas,, vo konkurencijaВечерва ќе се доделат наградите на најдобрите. Откако ќе се спушти завесата, ќе се подготвува јубилејниот, 50-ти, фестивал. Со Господ напред, како што вели уметничкиот директорПетар Темелковски, јубилејот достојно ќе се одбележи.

Освен претставите се понуди трибина на тема “Музиката во театарот”. Се потенцира дека музиката е важен сегмент на претставите, веднаш по режијата и актерите. Таа ги проширува изразните средства.

– Во современиот театар многу години се зборуваше дека режијата е една од професиите, која го носи театарот напред, дека  е најзаслужна за посмодерниот театар. Театарскиот композитор е една од личностите, која е заслужна со режисерот за новите, современи, театарски форми. Композиторите, по режисерот, се сериозни автори, затоа што театарската музика нуди спектар од изразни средства, станува клучен елемент во претставите – вели режисерот Дејан Пројковски.

За композиторите, музиката секогаш е предизвик, но е важно да се работи на сцена, да се има блиска врска со чинителите на театарот, пред сé, со актерите, и да се познава драматургијата.

Prepolna salata na MNT so nasi sogragani , ljubiteli na teatrotОд промовираните театролошки изданија се нагласуваат “Мојот театар” од Ристо Стефановски, “За актерот” од Тодор Кузамнов, “Студии за перформативната уметност” од Катерина Петровска – Кузманова, како и драмите “Купидона и други драми” од Срѓан Јаниќиевиќ, кој посочи дека драмските текстови што ги пишуваат младите автори треба да се играат. Од негов агол говореше и писателот Јордан Плевнеш, претставувајќи ги пиесите “Осаменост” и “Фортуна” од Василка Аврамовска  и м-р Маре Ристеска.

Инаку, театролозите велат дека 49 години е солидна бројка за  македонски театарски фестивал, кој од година во година, се градеше, надоградуваше и придонесуваше за развојот на театарската уметност во земјата.

– За респект е фестивалот. Од оваа дистанца, граденото од Илија Милчин и група прилепчани пред 50 години беше херојски чин. Во еден град со тешкотии во комуникациите, со малку хотели, да се фрли камче во вода и да се направи градот место од прв ред на македонската  театарска карта и да стане свето место, каде се подвлекува цртата на визионерство. Милчин беше визионер, а тие околу него вљубеници во својата професија. Фестивалот го покрена победничка генерација, која ги втемели сите национални институции, сите театри, галерии. Прилеп е културна престолнина, а екипата која го реализира фестивалот знае што сака да постигне – вели театрологот Јелена Лужина.

Loading