ПОБЕДА – МЛАДОСТ К.

Куп

Лигите завршија, сезоната уште не. Претстои купот за територијата на Третата лига – Југ. Во 3. коло, в недела, Победа се среќава со Младост Кривогаштани. Двата тима се губитници по отпаѓањето од Втората, односно Третата лига. Победникот оди во 16-финалето од Купот на Македонија, каде се од порано 11 Октомври и Корзо Шкупи. Да нема забуна, се работи за фузираниот клуб од Корзо и скопско Шкупи, пријавен со седиште во Прилеп и затоа игра во оваа територија. Четвртиот тим ќе биде познат по дуелот меѓу победникот од Зорбас Победа – Миравци и Победа Валандово – Вардар Неготино.

Пред сосема да заврши сезоната, во вторникот, почна преодниот рок за фудбалерите, кој ќе трае до 31 август.

Loading