ИЗБОР ЗА НАЈ СО ПАЛАЧИНКИ

Заврши “Нај петка” за учебната 2013/2014

Naj oddelenie - V - b od OU Goce DelcevЗаврши уште една учебна година, а со тоа се круниса уште еден избор од манисфестацијата за основците “Нај ученик, наставник, одделение и најучилиште”. На празникот за секој ученик – на 10 јуни на традиционалната “Палачинкијада”, која ЛС ја организираше по третпат, се прогласија и најуспешните. Нема поголема радост за секој ученик од крајот на учебната година, уште повеќе кога се финишира со успеси и награди.

Палчинкијадата и изборот “Нај” беа масовен настан исполнет со слаткото задоволство од вкусните палачинки и неизмерна возбуда од награди.

Плоштадот “Александрија” вриеше како во кошница. Задоволни насмеани детски лица, сладок вкус од палачинките и радост во срцата од одличниот настап на учениците од ОУ “Климент Охридски” и пригодната музичко-сценска изведба. Како домаќини на манифестацијата, како минатогодишно “нај училиште” ја предадоа титулата “Нај” на ОУ “Рампо Левката”.

Се поделија 2000 вкусни палачинки. Зенит на учениците, покрај благодарници, им подари и книги.

Градоначалникот Марјан Ристески им посака среќен летен распуст на учениците, кои, одморени и релаксирани, во септември повторно ќе се вратат во училишните клупи.   

Најученици

Христијан Р’жаникоски VIII-а од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Ангела Кочоска VIII-г од ОУ “Гоце Делчев”

Цвете Јанеска VIII-в од ОУ “Рампо Левката”

Озген Сулејманоски VIII-2 од ОУ “Добре Јованоски”,

Андреј Стојкоски VIII-2 од ОУ “Климент Охридски”

Илија Тавчиоски VIII- б од ОУ “Кочо Рацин”

Давид Лазароски VIII-3 од ОУ “Блаже Конески”

Најнаставници

Весна Арсиќ од ОУ “Блаже Конески”

Благојче Илиески од  ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Виолета Пепељугоска од ОУ “Гоце Делчев”

Бисера Вишиноска од ОУ “Рампо Левката”

Александра Мирческа од ОУ “Добре Јованоски”

Зоран Сребреноски од ОУ “Климент Охридски”

Валентина Деспотоска од ОУ “Кочо Рацин”

Најодделение – V-б при ОУ “Гоце Делчев” од Сузана Здравеска

Најучилиште – ОУ “Рампо Левката”0020

Loading