На државниот натпревар во велосипедизам ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” го освоило првото место – екипно. Патеката, долга 6 километри, за учениците била лесен “залак”. Во индивидуална конкуренција, Ева Кантарџиоска го освоила првото место, Фросина Петроска третото место, Димитринка Иваноска, 4-то место, а Евгенија Крстеска 5-то место. Екипното прво место и пехарот веќе се поставени во витрините да го красат нивното училиште. Ментор на велосипедистките бил Благојче Илиески.