НАДЕЖНИ ЏУДИСТИ

Majstori na tatamite  od OU ,,Koco Racin,,На државниот натпревар во џудо, организиран од Сојузот на училишни спортови, двајца ученици од ОУ “Кочо Рацин” ги бранеле боите на училиштето. Во источната вештина на поразување на противникот со минимални вешти зафати, одличен успех постигнале осмоодделенецот Антонио Јованоски, во категорија над 75 кг, со освоено прво место и Бојан Пашоски од седмо, до 66 кг., со второ место. Антонио кутнал на душек седум противници, а Бојан четворица. Ментор на џудистите им била наставничката Роза Стеваноска.

Loading