НА ЕДНО МЕСТО ТАТКОТО, СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ

Духовден

Bigastvo podaroci za DuhovdenПразникот Духовден, меѓу народот познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педесетница и т.н се празнува 10 дена по Спасовден, а 50 по Велигден. Се вика и Педесетница, затоа што настанот што му дава печат, се случил точно на еврејскиот празник во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската гора.

Тој ден 12 апостоли биле во Ерусалим. Испразнетото место на Јуда, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матеја, кого го избрале со коцка од учениците Христови за пак да бидат 12. Утрината се слушнал силен шум од небото, како дување на силен ветар. Се покажал светиот дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица. Над нивните глави се гледаат пламени јазици што го претставуваат Светиот Дух.

По овој настан, апостолите почнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ, собран по силниот шум, помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо, затоа што се пијани. Се појавил апостолот Петар кој на луѓето им објаснил дека не се пијани, туку се исполнети со Светиот дух што им го испратил Господ. Ги поканил да се крстат. Многумина кои чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на Исус Христос, веднаш ја примиле верата Христова. Се покрстиле околу 3000 луѓе.

Овој празник уште се вика и Света Тројца, зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-Таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите, дека ќе им го испрати Светиот Дух.

Loading