МУСТАФА ЈАШАР (1946, СКОПЈЕ) – АКТЕР

Mustafa JasarМустафа Јашар е препознатлив во својот актерски израз, моќен во театарската креативност. Неговата долгогодишна кариера брои стотина театарски ролји, филмски и телевизиски улоги што ќе останат меморирани во нашето колективно театарско паметење. Интелектуалниот потенцијал, моќта на говорот, како и доминантната актерска фигура, го прават еден од ретките актери на Турскиот театар што активно ја гради својата кариера, не само кај нас, туку и надвор од нашата земја. Во 1971 година се вработува во Турскиот театар при Театарот на народностите во Скопје. Своето образование го финишира со дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата по турски јазик и книжевност (2000).

Неговата актерска естетика ја дефинираат ликови со широк дијапазон, од оние на протагонистите, до оние епизодните со кои докажувал и докажува, дека театарот го создаваат сите креатори. За одбележување се десетици улоги и богата филмографија со 25 филмски и телевизиски ролји.        

На нашиот фестивал во 2005 година ја има добиено Наградата за епизодна улога “Димче Трајковски” за улогата во претставата Азизнаме од Азис Несин (2005). Со добивањето на годинешната награда, фестивалот со право покажува дека знае да ја препознае и респектира актерската фигура на театарските уметници кои од малите, епизодни улоги знаат да направат ремек дела.

Loading