КОЛОРИТНА ФЕСТИВАЛСКА ПРОГРАМА

Петар Темелковски, уметнички директор на МТФ “Војдан Чернодрински”

Petar Temelkovski, umentickiot direktorВ петок вечер од 20 часот ќе се крене театарската завеса и ќе започне 49 издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, кое ќе понуди богата програма за сите вкусови и генерации. За фестивалот, за програмата од разговорот со уметничкиот директор Петар Темелковски.

На прагот сме на уште едно издание на  МТФ. Подготвено ли е сé за старт?

Подготвени сме како и секогаш до сега. Сé е во најдобар ред. Фестивалот може да почне, со Господ напред. Многу се радувам дека сме на чекор до големиот јубилеј 50 години МТФ.

Што ќе проследи публиката во официјалната програма?

Селектирав 12 претстави за официјалниот дел. Програмата е колоритна, разновидна, ефективна и инспиративна. Секоја претстава, во рамките на своите можности, испраќа своевидна порака кон гледачите со надеж дека секој поединец позитивно ќе размислува за состојбите што го опкружуваат. Публиката ќе биде задоволна од она што ќе го гледа. Водам грижа, бидејќи кон прилепската  публика имам посебен пиетет, да биде анимирана со квалитетни претстави. Фестивалот е конципиран како преглед за домашниот драмски текст, но бидејќи не сме обемна средина, нема толку домашни драмски текстови, затоа секогаш се радувам кога ќе видам убава претстава од домашен текст. Сепак за секоја добра претстава има место на фестивалот. Од изгледаните 37 претстави од сите театарски куќи ги одбрав најдобрите.

Годинава прилепската публика ќе биде почестена со гледање на претставата ,,Вечна куќа,, во новиот театар на МНТ во Скопје. Зошто се одлучивте  на овој чекор?

Heda Gabler, bitolski teatarНе е новина публиката да се однесе во матичната куќа да ја проследи претставата, доколку има технички пречки таа да дојде во Прилеп. Тоа се случувало честопати 20 до 30 гледачи да отпатуваат – најчесто во Битола или во Скопје. Новина е тоа што, со билетот што чини симболични 150 денари, ќе ја однесеме бесплатно со автобуси целата публика во Скопје на 7 јуни, 600 гледачи на претставата “Вечната куќа” од Ј. Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, во новиот објект на МНТ. Идејата за овој несекојдневен потег е на сите членови на Собранието на фестивалот и беше одобрена со акламација. Инаку, општо е познат големиот респект што го имам како уметнички директор, како човек и како уметник кон прилепската публика. Па затоа ме прави среќен и помислата дека 600 луѓе од градот домаќин, кој 49 години несебично се грижи за фестивалот, ќе појдат во Скопје и ќе ја гледаат претставата со која свечено се отвори импозантниот храм на драмската уметност во Македонија – возобновениот МНТ, што го чекавме цели 50 години.

 Нема да изостанат ни полноќните претстави. Што ќе гледа помладата публика, со оглед дека таа е најголемиот консумент?

Полноќната програма која веќе традиционално им припаѓа на младите. Ќе биде исклучително богата како никогаш досега. Кога станува збор за младата публика, секогаш правиме да се чувствува нај, нај, нај. Придружната програма ќе биде исто така богата. Ќе има трибини, изложби, промоции на книги… Две промоции на драмска литература ќе има, едно читање на драмски текстови од студентите, постдипломци на ЕСРА, а студентите по драматургија од ФДУ ќе настапат со три едночинки. Ќе има трибина за музиката во театарот, автентичната што ја компонираат композитори, што е  важен сегмент за една претстава. Ќе бидат поканети еминентни имиња како Горан Трајкоски, Марјан Нечак, Оливер Јосифоски, Венко Серафимов и Бранко од Фолтин, медијатор е Дејан Пројковски.

 Кои луѓе од театарската фела ќе бидат дел од жирито?

 Васе Манчев, Братислав Димитров и Мустафа Јашар, се членовите на жири комисијата, која ќе го оценува квалитетот на претставите и на крајот ќе ја донесе одлуката за  доделување на наградите.

Огнено крштевање на Театарот за деца и младинци

Радосна и благородна манифестација е фестивалот, затоа што претставите се од сите театри. Еве на пример првпат во официјална конкуренција доаѓа Театарот за деца и младинци, кој го има дебито, односно огненото крштевање во официјална конкуренција на фестивалот, а ќе ни се претстави со интересна претстава – вели Темелковски.

Loading