ВО ЗЕЛЕНИОТ РАЈ СО КАЛЕЗБА НА НАШ ВЛАДИКА

Бакалите во манастирот “Св. Јоаким Осоговски”

Esnafot na bakalite vo Osogovskiot manastirНа падините на Осоговските Планини, кај Крива Паланка, во манастирот “Св. Јоаким Осоговски”, скриен во густото зеленило, се воодушевувале 20-та членови на бакалскиот еснаф. Посетата на пријатното место за починка, била на покана на Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф кој е прилепчанец, а кој после поделбата на Полошко-кумановската епархија, беше избран за владика и веќе неколку месеци ја води епархијата. Поради негуваните контакти, владиката ги поканил на светилиштето, кое е епархиски резиденцијален манастир. “Св. Јоаким Осоговски” е еден од  најбогатите манастирски комплекси, кој располага со 90-ина кревети за посетителите и гостите.

Скриен во прегратките на мајката природа, манастирот нуди блажено чувство на духовен мир и спокојство. Далеку од градската врева уживале во чистиот планински воздух и ја почувствувале силата што зрачи од немите градби, а за гостпримството се погрижил старешината на манастирот Александар Смиљков. Бакалите го посетиле и гробот на полошко-кумановскиот владика Кирил.

Инаку, Митрополит Јосиф, роден е во Прилеп во 1977 г. На Православниот Богословски факултет во 2009 г. во Скопје го одбранил докторатот. Во ноември 2013 година е востоличен за прв Митрополит Кумановско-осоговски. 

Loading