ВИЦЕШАМПИОНИ

Карате

Добар настап на КК Ронин на домашната сцена. На изборното сениорско првенство за состав на репрезентацијата која во ноември ќе учествува на Светско во Германија, прилепскиот клуб е второпласиран, зад скопски Макпетрол, а пред Металург. Успех е зошто е со сопствени сили. Пред странски судии од Турција и Србија прв е ката тимот Маријана и Мишела Димоски со Искра Каракашоска, дебитанти кај сениорките. Поединечно злато освои Поликсенија Јованоска, сребро Зорица Спиркоска, а трети се 16-годишните близначки Димоски.

Втори места освоија уште Даниел Петкоски и Симона Анџиева, а трето Марија Матракоска.

Loading