Во Кино Мис Стон
Од вечерва до недела, од 21 часот во киното “Мис Стон”, ќе може премиерно да се проследи филмот “Три во едно” во режија на Коле Ангеловски. Продукцијата е во 3D техника.
Ова е прва филмска комедија снимена со актерите од нашиот театар, каде се игра подолго време комедијата “Три варијации на една тема”, со која театарот гостуваше во Крушево.