Кај манастриот Св. Илија во Витолиште
Утре и задутре, во манастирот Св. Илија во Витолиште ќе се соберат мариовци и мегленци на јубилејните 30. мариовско мегленски културни средби, организирани од општината Прилеп и Здружението “Мариовско Мегленски средби”.
Ќе има камп на велосипедисти во селото Манастир, а в недела ќе се одржи културно уметничка програма со реномирани друштва и уметници, доделување на награди од конкурсот “Мариово и Меглен”, како и велосипедска трка низ Мариово со учество на велосипедисти од Македонија, Балканот и од светот.
На први јуни ќе бидат организирани автобуси кои ќе тргнат од кај рекламите во 8 часот.