ШЕСТМИНА ВО “ОГАН”

Џуиџица

В недела шестмина репрезентативци на центарот за боречки вештини Максам ќе учествуваат на џуиџица “Македонија опен” во Скопје. Турнирот е значаен за искуство, со оглед на дебитантската улога на Христијан Граороски, Братислав Зарески, Виктор Наумоски, Александар Лазароски и Душко Јанакиевиќ. Единствена со поголемо искуство е инструкторот Катерина Атанасоска. Таа има најтешка категорија, зашто сите жени се во една група. Системот е безмилосен, кој губи отпаѓа.

Учествуваат 10 земји со 18 тима и 150 натпреварувачи.

Loading