СЕ ПОДГОТВУВА “СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ”

В театар

Vtora sreka -  Nela Vitosevic“Сон на летната ноќ” од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, е новата претстава која се подготвува во театарот. Ќе игра целиот ансамбл, а премиерата, поддржана од Министерството за култура, се планира за втората половина на јули.

Вториот текст од Шекспир поставен на сцената по “Многу врева за ништо” и втора соработка со Витошевиќ доаѓа по ланската награда на МТФ на претставата “Змејовата невеста”.

– Овој текст е најпоставуван, секогаш актуелен и свеж иако е пишуван пред неколку векови. Провокација е и што имам одлична екипа. Ќе го обработувам дуализмот на човековата природа – вели Витошевиќ.

Loading