ПОЕТРИ СЛАМ ПО ТРЕТ ПАТ

Утревечер в Библиотека

Библиотеката  и Театарската работилница ги привршуваат подготовките за третото издание на “Поетри слам” што ќе се одржи утревечер од 19 часот, а на кое ќе учествуваат над 30  творци  од земјата и странство, кои го негуваат модерниот начин на читање на поезија.

– Поетри Слам е модерен, перформативен начин на читање авторски текстови, и поетски и прозни, при кој авторите-изведувачи се натпреваруваат меѓу себе, а петчлено жири од публиката ги бодува текстовите и начинот на изведба со поени од еден до десет, вклучувајќи и децимали, од кои се исклучуваат највисоката и најниската оцена и се извлекува средна вредност која понатаму служи како параметар за квалитетот на изведбата и текстот на авторот. “Перформансот” зависи од гласот на авторот кој добива пет минути. За добитниците следуваат награди – објаснува Игор Трпче, “главниот виновник” за манифестацијата.

Првиот Поетри Слам натпревар е одржан во Чикаго во 1984 година.

Организаторите најавуваат интересна манифестација, по што ќе следи и печатење на алманах со делата на сите учесници и гости.

Loading