МЕРАК ЗА ВЕЛОСИПЕД

Pehari i rekreacija so velosipedНеколку стотина граѓани од 7 до 77 години се вклучија на неделното, деветто издание на манифестацијата “Сите на велосипед”. За афирмација на миленикот на две тркала, што не загадува, штеди, ја чува околината и е средство за спортување и рекреација, се возеше од центарот до спортскиот аеродром кај селото Мало Коњари. Придонес во популаризацијата на возилото без мотор даде и претседателот на Советот, Никола Димоски, кој ја поддржа манифестацијата не само морално, туку и со учество на велосипед.

Годинава возењето имаше натпреварувачки карактер меѓу основците и среднистите во машка и женска конкуренција. Доминираа рекреативците кои уживаа во вртењето на педалите на патеката долга двапати по седум километри. 

Loading