СОУ “Ѓорче Петров”
Драмската секција на СОУ “Ѓорче Петров” учествуваше на традиционалниот натпревар за Најдобра драмска претстава на Филолошкиот факултет во Скопје, што секоја година ја организира фондацијата Конрад Аденауер. Прилепската Драмска секција го освои третото место со претставата “Перспектива”. Сценариото е на Филип Цакоски. Учествуваа, покрај сценаристот, уште Василиј Митрески, Петар Јованов, Ивана С. Стојаноска, Ивана Василеска, Фросина Јованоска и Ивана З. Стојаноска, под менторство на професорката по македонски јазик, Билјана Тинтоска.