СТРАНСКИ СТРУЧНАК ГО ДОТЕРУВА СЛАДОЛЕДОТ ВО МИЛИНА

Povkusen sladolet so ekspertska sugestijaДваесет ипетгодишното искуство во продукцијата на сладолед, експертот Мишел Липс од Холандија го пренесува во фабрика Милина. Во рамките на владиниот проект за ангажирање на странски стручни лица во домашните компании, тој им помага на вработените во Милина да го подобрат квалитетот и да влијаат на создавањето на сладолед според вкусовите на потошувачите.

– Пренесувам знаење да се поткрене квалитетот на сладоледот, да се унапреди вкусот, да се менаџира, но и да укажам на патиштата за освојување на нови пазари. Односно, да ја поткренеме продукцијата за да се отворат нови работни места, иако индустријата за сладолед е мала – изјави Липс.

Сопственикот Бранко Јованоски вели дека со стручнакот имале две среќи.   – Една е што Владата нé избра нас, а втората што имаме експерт за сладолед. Тој понуди повеќе корисни сугестии. Научивме да го откриеме квалитетот на суровините и да создадеме избалансиран сооднос во рецептите. Ги откривме критичките точки и сите аномалии ќе ги отстраниме. Со пренесените знаења ќе го контролираме и одржуваме квалитетот. Разгледуваме и рецепти за диететски сладоледи, но и за дијабетичари – рече Јованоски, кој бара друг стручнак за теста за активирање на веќе инсталираната најголема линија на Балканот за производство на замрзнати теста.

Во 15 годишното постоење, Милина дневно произведува 20 до 40 тони сладолед во различни пакувања. Сладоледите се летно разладување и во Косово, Босна, Бугарија и Албанија, а наскоро ќе ги препознаваат и во европските земји.

Градоначалникот Марјан Ристески, го оцени за позитивен потегот на Владата за ангажирање на странски експерти и ги повика стопанствениците да ги ползуваат знаењата во сите домени.      

Loading