СОЛИДАРНОСТ ЗА СРБИТЕ И БОСАНЦИТЕ

Sobirniot punkt na plostradot Metodija Andonov CentoЗа два дена 8 тони флаширана вода, тон ипол прехранбени производи, бебешка храна и облека, како и два ипол тони хигиенски производи, собраа граѓаните за помош на поплавените во Србија и БиХ. Собрани се и 47 000 денари. Донирана е постелнина, облека и обувки во хуманитарната акција на Црвениот Крст во соработка со локалната самоуправа. Во повикот се вклучија од старо до младо, дуќанџии, фризери, невладини организации…

Витаминка испрати по 10 тони производи посебно за Србија и за Б и Х, а Комфи Ангел донира постелнина. Дел од производството на сокови испрати и Прилепската пиварница.  

И сопругата на градоначалникот Фанче Ристеска донира вода, прехранбени производи, средства за хигиена. Хуманоста ја покажаа и пратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија.

Акцијата продолжува до 31 мај.

И КРИВОГАШТАНЦИ ХУМАНИ

Toni Zatkoski gi mobilizira ziteliteНа апелот за помош, упатен од градоначалникот Тони Заткоски, масовно се одзваа жителите на Кривогаштани кои донираа храна, облека и пари за настраданите, оти на своја кожа почувствувале какви се маките со излеаните реки.  

Loading