“ВЕЧНА КУЌА” И ГРАТИС ПРЕВОЗ ДО СКОПЈЕ

Интензивни подготовките за 49. МТФ “Војдан Чернодрински”

Се приведуваат при крај подготовките за 49. издание на МТФ “Војдан Чернодрински” кое ќе се одржи од 6 до 13 јуни, а на кој во официјална конкуренција ќе бидат прикажани 12 претстави. На 7 јуни претставата “Вечна куќа” од Плевнеш, во режија на  Дејан Пројковски ќе се гледа во новиот објект на МНТ. Од понеделник се пуштаат билетите за претставата по цена од 150 денари. Со купената влезницата сограѓаните ќе добијат и бесплатен организиран превоз до Скопје и освежување, со цел автентично да ја проследат претставата во новиот национален театар. Влезниците за другите претстави ќе се продаваат една недела пред почеток на фестивалот.

Уметничкиот директор Петар Темелковски се очекува да ја заокружи и придружната програма. 

Loading