ОГНОГАСАЧИТЕ ИМААТ ПРАЗНИК, НО НЕ ПРАЗНУВААТ

За луѓето кои ја скротуваат огнената стихија, нема одмор, нема ден и ноќ, празник или делник. Иако 20. Мај е Ден на пожарникарите, и на тој ден тие беа на готовс. Засега 34-те пожарникари успеваат да се справат со предизвикот. Располагат со солидна опрема, но им недостасуваат возила за шумски пожари.

Годинава во Прилеп регистрирани се 150-тина пожари, за кои најголем виновник е човекот. Намален е бројот на пожарите, но тоа не значи дека не треба да бидат нон-стоп будни. Наскоро ќе се оформат дисперзирани одделенија во Касарната и кај Прилепско поле. Очекуваат донација за нова посовремена опрема и возила.

Loading