МЛАДИНСКА ТИТУЛА

Историја

Сезоната 2003/04 беше плодна за ФК Победа, кога покрај сениорската, освоена е и младинска титула државен шампион. До неа дојде тренерот Кире Овезоски со талентираните Тофилоски, Кебакоски, Јошески, Патоски, Вршкоски, Симоноски, Велјаноски, Стоев, Кузманоски, Рутески, Талески, Волчески, Карески, Ацески, Караколев, Илиески, Ристески, Колески, Трајкоски, Шалевски, Чаушев и Маневски. Дел од нив далеку стигнаа во кариерата, како Тофилоски со пехар од куп со словачкото Кошице. Битолчанецот Маневски играше во странство, а пролетва освои двојна круна со Работнички. До неодамна за 11 Октомври настапуваа Карески и Вршкоски, а битолчанецот Шалевски е во Маџари.

Уште активни во Победа се Кебакоски, Велјаноски и Ацески. 

Loading