ЕЗЕРСКА ВОДА ВО СЛАВИНИТЕ?

Водовод и канализација (ВиК) има намера дел од водите од вештачката акумулација преработени за пиење да ги доведе во семејните славини во кризни периоди. Експертска фирма подготви елаборат со кој се очекува редукција на трошоците. Документот потврдува дека е исплатливо со посебен режим на управување со водите од акумулацијата да се дојде до поефикасна експлоатација. Езерото е поврзана со цевковод со филтерската станица со капацитет за преработка од 60 литри вода во секунда.

Фирмата Хидроенерго инженеринг подготви елаборат за оптимален режим на искористување на дел од водите на акумуалцијата.

Според директорот на В и К, Саше Николоски, постои техничка можност дел од водите на Езерото да се стават во функција на граѓаните преку инсталираната и технички исправната филтерска станица.

– Освен за наводнување на земјоделските површини, водата може да се користи и за пиење во критични периоди, кога е намалена дарежливоста на изворот Студенчица, од каде главно се снабдува Прилеп. Со активирање на филтерската станица, би се намалиме трошоците за вода – вели Светлана Андонова од Хидроенерго инженеринг.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека градот не седи со скрстени раце, туку разгледува алтернативни извори за нови количества вода.

– Околу селата Чепигово и Тројкрсти кај Црна Река, според истражувањата, има штедри резерви подземни води. Можна е и градба на две брани кај селото Селце и над постојното Вештачко езеро – вели Ристески.

Прилеп главно пие вода од регионалниот систем Студенчица, чиј цевковод од 70 километри, со самопридонес и со државни пари, е изграден пред 35 години. 

Loading