ЕКО ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА

Еколошка соработка меѓу ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Марија Вера” од Камник, Словенија

Direktorkata Marija Dulevska so gradonacalnikot na KamnikОд 14-17 мај, ОУ “Блаже Конески” направи возвратна посета на ОУ “Марија Вера” од Камник, Словенија, во рамките на проектот Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, поддржан од ОХО и Министерството за образование и наука. Точно 15 ученици со две наставнички и директорката Марија Дулевска го посетија Камник, оддалечен на 10 км. од Љубљана, главниот град на Словенија. Лани камнички ученици беа гости на нашиот град.

Учениците беа сместени кај нивните другари ученици од Камник. Според агендата, беа посетени Скочјанските Јами, слични на Постојна Јама, градовите Пиран и Порторож, Блед, училиштето “Марија Вера”, каде се изведува високо квалитетна настава со 15 интерактивни табли и беа сесрдно пречекани од директорката Виолета Благдан. Беше посетена и престолнината на Словенија – Љубљана.

Учениците од двете училишта учествуваа во еко игри без граници во мешани групи организирани од страна на Словенците во близина на училиштето.

Директорката имаше средба со еко координаторот на Словенија Грегор Церар и со еко координаторот за основните училишта, Томаж Пајниќ, при што се договори датумот на заедничка планирана активност – Одбележување на Денот на јаболкото 2014 год., да биде 7 ноември и да се организира заедничка Скајп конференција.

Nasite deca pred Skocjanski JamiЕко координаторката, професорката  по хемија, Полона Межнар и директорката оствари имашаа прием кај градоначалникот на општина Камник, Марјан Шарец. Тој беше запознаен со работата на нашата општина Прилеп, на градочалникот Марјан Ристески, како и со цел инфраструктурен, организаторски и културен подем на Прилеп и беше поканет да нé посети. Словенците се заинтересирани да соработуваат или како што велат – ние учиме и од Вас.

Учениците од Камник пак ќе бидат гости на ОУ “Блаже Конески” во април 2015 год.

Организацијата беше на врвно ниво, беспрекорна и високо професионална во сите аспекти на посетата.

Loading