БОШЊАК НА ЕВРОПСКО

Гимнастика

Најдобриот македонски гимнастичар, Дино Бошњак, член на словенечки Марибор, настапува на Европското првенство во Софија, кое завршува в недела. Иако е заедно со словенечката репрезентација, таму ја брани честа на Македонија и Прилеп. Горди на учеството се во матичниот клуб Партизан Соколи. Од средата, за поддршка и стручни совети е тренерот – селектор Златко Ангелески.

– Имаше добри настапи во Словенија на силни меѓународни турнири. Оттука оптимизмот. Се надеваме на успех и на европскиот собир. Евентуален влез во финале е голем подвиг – смета Ангелески.

Дино Бошњак на Европското првенство е единствениот претставник од Македонија.

Loading