Василичарските буреци од АД Жито Прилеп носат двојна среќа
Златник со ликот на Свети Никола и полна кошница со највкусни пекарски производи доби семејството на Татјана Илиоска, затоа што во бурекот што го купил синот Георги се наоѓала златната паричка. Тие ја имаа среќата ем да се насладуваат на вкусниот бурек, ем да ја добијат вредната награда од Жито Прилеп. Со тоа, водечката компанија во производството и продажбата на пекарските производи, која има 60 годишна традиција, го одржува адетот во наградување со василичарските буреци.
– Жито Прилеп е општествено одговорна компанија. По две недели се јави добитникот на паричката што традиционално ја ставаме во бурекот за празникот Василица. Подаривме комплет производи и златен привезок со Свети Никола. Традицијата продолжува и во иднина – објаснува сопственикот Николас, помладиот син на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.
За празникот Василица биле произведени над 8000 буреци. Бурекот со златник бил продаден во продавницата кај Интернатот.
Во семејството на Татјана Илиоска, токму Свети Никола им била куќна слава, а златникот Илиоска најавува дека ќе го подари на снаата кога ќе дојде редот. Веруваат дека ќе имаат двојна среќа годинава.
– Палетата се проширува и го задржуваме препознатливиот квалитет. Планираме пообемно и помодерно производство – вели Даниел Станоески, директор на Жито Прилеп.