ЗАКАЖАНИ ПРИЈАТЕЛСКИ

11 Октомври

Фудбалскиот второлигаш 11 Октомври се подготвува под водство на тренерот Владимир Мицески. Тренинзите се околу лошиот терен на Градски. Планот се реализира со 25 првотимци. Нов е играчот за врска Иво Дамески (Кадино), а се очекуваат и отстапени од Победа. Неизвесни се играчите кои доаѓаа од другите градови, Д. Хисар, Неготино и Кавадарци, а засега тука се од Битола. Заминаа капитенот, шпицот И. Мирчески и стоперот Илиески. Закажани се две пријателски, со Зајас и со Победа.

Напролет 11 Октомври е во тешка битка за опстанок.

Loading