СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”
На распишаниот литературен конкурс на тема “Кога јазикот е побрз од умот, зборот е смртоносен куршум”, од крушевското средно училиште “Наум Наумовски – Борче”, ученичките Василка Грозданоска и Ивана Ѓоргоска од нашето средно економско училиште “Кузман Јосифоски – Питу”, ги освоија втората и третата награда во категоријата есеј под менторство на професорката Цеца Видова -Трајческа.
Мотивирани од темата, учениците уште еднаш на дело покажаа колку ја ценат и ја почитуваат литературата и пишаниот збор.