ТОЧИЛСКОТО УЧИЛИШТЕ НА “ГОЛЕМ ОДМОР”

ОУ “Блаже Конески”

На 27. март, претставување на националниот телевизиски сервис ќе има ОУ “Блаже Конески”. За сî да оди како подмачкано, директорката и дел од наставниците уште од сега се трудат да го осмислат секој детал.

Во програмскиот дел, зацртано е најпрво да се испее училишната химна. Потоа да се формираат две екипи од повозрасните ученици кои ќе учествуваат во натпревар по македонски јазик, притоа секоја екипа треба да има и по еден ученик капитен за кој пак, е предвидено да изврши кратко презентирање на училиштето и градот во траење од една минута. Ќе учествуваат и ученици од пониските одделенија со две подготвени драматизации.

Според пропозициите, избрани се, за изведување на химната – Натали Китаноска, Сања Роканоска. Капитени на екипите ќе бидат Јана Луческа и Александра Макеска. Адути, односно ученици кои се докажани во училиштето, ќе бидат Давид Лазарески и Антонио Николоски. Од областа на творењето одбрана е изработка на маски што е поврзано со празникот Прочка, како препознатлив настан за нашиот град. Останатите активности ќе бидат подоцна уредени.

Loading