СТАРТУВАА ПОДГОТОВКИТЕ

Одбојка

Женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври се подготвува за пролетната сезона во Кадетската лига. Кондициските тренинзи се во салата Партизан. Тренерот Гиче Локвенец не е задоволен од условите, но нема бегање од реалноста и мора да се издржи. Присуствуваат 12 првотимки. Во втората фаза планирани се тест мечеви со Битола, Тетово, Струмица. Амбиција не е само задржување на второто место во групата, туку пред се подобрување на играта, добивање на искуство со повозрасните противнички.

Лигата продолжува во март.

Loading