СЛУХ ЗА РЕАЛНИОТ СЕКТОР

Градоначалникот Марјан Ристески кај малите и средни претпријатија

Расте капацитетот на конфекцијата Моника која е не само прилепски, туку и македонски бренд за џинс производи цели 35 години. Квалитетот и  модерниот дизајн  се “виза” за соработката со светските компании како ROBERTO CAVALLI, DOLCE & GABANA, MOSCHINO, VERSACE, STAFF, DONA KARA (DNKY ) и други.

Градоначалникот Марјан Ристески се информира за пробивот на странските пазари. Тој смета дека ваквите фирми се  можност за нови вработувања, што е основна економска цел на локалната самоуправа.

По препорака од Регионалната стопанска комора, “таткото” на градот ја посети Млекарницата Мики, која најави збогатување на палетата со нови 5 артикли.

Ристески, заедно со Ристо Најдоски, извршниот директор на Регионалната стопанска комора, беа во модната конфекција Баки. 

Loading