Изложба на 20 слики од струмичката ликовна полувековна колонија ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Прилепска промоција ќе имаат автори од Македонија, Турција, Бугарија, Полска, Канада, Италија, Србија,.
– Во делата е душата на уметниците Александар Филев, Васил Алачев, Газанфер Бајрам, Јашар Чали, Мишел Клосе, Ѓорѓе Аралица, Маријана Краба… – вели Иван Јовев, директор на ЦК “Антон Панов”.
За 50 години, струмичката ликовна колонија откри тајни на сликарството, вајарството и на мозаикот.