Домашни услуги на старите и изнемоштените лица
Внимание, нега, одржување на хигиената, помош во секојдневните потреби добиваат 60-тина стари и изнемоштени лица од 15 волонтери со проектот “Супер Марио”. Сервисот за домашни услуги на стари и изнемоштени лица функционира неколку месеци, а го реализираат локалната самоуправа и старскиот дом. Општината го следи проектот со 1,2 милиони денари за 12 месеци. Волонтерите ги посетуваат старите трипати неделно со задржување до еден ипол час.
Градоначалникот Марјан Ристески ја посети Цветанка Димитриоска (83) и семејството Трајко и Даница Бошкоски кои лично му потврдија на “таткото” на градот дека се задоволни од добиените услуги.